СДСМ: Лицемерниот Мицкоски продолжува да прави национална штета

Од:

„СДСМ на чело со претседателот Зоран Заев, кој уште еднаш е одликуван од реномирана европска фондација, како човек што влева надеж, реформатор и европеец, за три години направи целосен пресврт во државата.

Од изолирана и нестабилна држава, со заробени и партизирани институции, злоупотреба на моќта и народните пари од страна на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, создадовме сигурна иднина за граѓаните, ја вративме слободата и демократијата, го решивме повеќедецениското отворено прашање со Грција“, велат СДСМ.

„Денес, ние сме членка на НАТО, македонското знаме гордо се вее пред седиштето на Алијансата, имаме обезбеден јазик и идентитет признаени од целиот свет.

Кога ја пишувавме историјата, Мицкоски беше и остана на спротивната страна обидувајќи се да ја врати држава назад во темното минато.

Што има Мицкоски направено за македонската држава, освен што ја покачи цената на струјата за 100 отсто? Освен што во Собранието и надвор од него, неговата ВМРО-ДПМНЕ се обидуваше да ги закочи реформите важни за евроатлантската иднина?

Лицемерниот Мицкоски покажа дека нема зрелост, свесно и постојано ги поткопува интересите на граѓаните и државата, прави национална штета.

Затоа Мицкоски е во опозиција и уште долго ќе остане таму“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“