СДСМ: Лицемерие е Мицкоски да го цитира Славко Јаневски, кога неговта ВМРО-ДПМНЕ срамно го лустрираше

Од:

„Откако ги навреди граѓаните и кажа дека Македонците се хистеричен народ, Мицкоски сега се обидува да им препише и амнезија.

Мицкоски денеска бесрамно и дрско го цитираше великанот Славко Јаневски, чија лустрација, партијата на Мицкоски во 2013 година ја нарача и поддржа!

Процесот на лустрација кој ВМРО ДПМНЕ го злоупотребуваше за пресметка со неистомисленици и обезвреднување на еден историски период, го зафати и Славко Јаневски, авторот на првиот роман напишан на стандарден македонски јазик“, се вели во соопштението на СДСМ.

„За лустраторите кои работеа по нарачка на менторот на Мицкоски, Никола Груевски, не беа важни ликот и делото на починатиот Јаневски за да го прогласат за полициски информатор на тајни југословенски служи, без да го има основното човеково право да се одбрани.

Каква е таа дрскост на Мицкоски да ги изговара стиховите на Јаневски еден од основоположниците на современата македонска книжевност, откако со неговото ВМРО-ДПМНЕ му нанесоа толку голема неправда и болка на неговото семејство.

Мицкоски е осамен во неговата хистерија, во сопствениот очај, дефинитивно е без срам и перде и должи извинување и на македонскиот народот и на семејството на Славко Јаневски.

Мицкоски, ти не си го познаваш народот, затоа народот те казни и сега во опозцијата“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?