СДСМ: Лажните вести се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека струјата ќе поскапи

Од:

„Не е точно дека ќе поскапи струјата, ВМРО-ДПМНЕ продолжува секој ден да шири лажни вести.

Огромна е паниката што владее во ВМРО ДПМНЕ затоа што се обелоденуваат криминалите што се правеле во енергетските компании. Граѓаните ќе видат какви криминали и од колкав обем финансирале преку сметките за струја.

Со користење на евтината дневна и викенд тарифа на струјата граѓаните ќе имаат можност да заштедат и со тоа ќе имаат пониски сметки за струја. Владата на СДСМ ги врати придобивките од евтината дневна тарифа за секој граѓанин, којашто беше укината од ВМРО-ДПМНЕ.

Новиот закон за енергетика пак ќе го штити интересот на граѓаните и ќе го овозможи основното право на секој граѓанин кое е сега ускратено, а тоа е право на избор од каде ќе се снабдува со електрична енергија.

Спротивно на интересот на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ не го донесе законот во предвидениот рок 1 јануари 2015 година до кога требаше да се имплементира Третиот пакет, заради што за непочитувањето на превземените обврски Европската енергетска заедница отвори спор против Р.Македонија.

Владата предводена од СДСМ работи во интерес на граѓаните, а она што ВМРО-ДПМНЕ им го должи на граѓаните како одговор е на кој начин успеа да ја поскапи цената на електричната енергија за 100% изминативе 11 години?“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски