СДСМ: Лагите на Груевски за редефинирање и федерализација се страв од соочување со правдата

Од:

Граѓанска и единствена Македонија чекори кон подобра иднина за сите, и ниту една лага на Никола Груевски тоа нема да го спречи, велат од СДСМ во писмена реакција по Фејсбук статусот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Мнозинството граѓани, над 612 000, храбро и сплотено избраа промени, избраа живот и подобра иднина. Мнозинството граѓани гласаа за ставање крај на корпутивниот режим на Груевски и фамилијата. Македонија наскоро ќе добие влада на граѓаните. Промените се случуваат, граѓанска единствена и слободна Македонија оди напред и тоа никој не може да го спречи.

Никола Груевски цели десет години злосторнички се однесуваше кон Македонија и нејзините национални и стратешки интереси.

Груевски и неговите најблиски соработници ќе одговараат пред институциите на системот за грабежот, криминалот, корупцијата, личните, професионални и семејни трагедии што им ги нанесоа на граѓаните на Република Македонија.

Лагите на обвинетиот Груевски за наводни редефенирања, федерализации и кантонизации на државата се последица на стравот од соочување со правдата која доаѓа.

Никој повеќе не му верува на обвинетиот Груевски. На граѓаните на Македонија им е јасно дека под закана се само привилегиите на Груевски и фамилијата“, стои во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра