СДСМ: Лагите и дезинформациите на ВМРО-ДПМНЕ кон Шилегов се реакција на нивната паника од седмиот пораз кој ќе им го испорачаат скопјани

Од:

„Соочени со извесниот пораз кој ќе им го понесе Данела Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ засилено врши притисок врз обвинителството и надлежните институции и продолжува да пласира невистини за градоначалникот Петре Шилегов со цел да си направи алиби за исходот кој ги плаши“, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ колку сака може да ја замајува јавноста со сопствените конструкции, неосновано да упатува обвинувања за наводна корупција, да врши притисок врз институциите, но ниту една финта од бегалецот Груевски нема да ги спаси од силниот пораз кој ги очекува и на овие избори, како во Град Скопје, така и во најголем број од општините ширум државата.

Засилената активност на фабриката за лаги на ВМРО-ДПМНЕ се вистински доказ дека оваа партија не успеа да ги убеди скопјани со позитивни идеи, план, концепт што значи помодерно и европско Скопје.

Во Белиот дворец се посилно ги погодува фактот дека на граѓаните совршено им е јасно дека Данела Арсовска е кадар на Груевски и дека нема шанса за победа, па единственото нешто што им преостанува е непрестано да шират лажни вести и да водат негативна кампања во очаен обид да го ублажат поразот.

Граѓаните прават споредба и разлика помеѓу понудата на истрошени кадри на Груевски и осомничени за сторени кривични дела и кадрите на СДСМ кои го носат најдоброто.

Лагите и дезинформациите на ВМРО-ДПМНЕ кон Шилегов не се ништо друго освен реакција на нивната паника од седмиот пораз кој ќе им го испорачаат скопјани на 17 октомври“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“