СДСМ: Куририте лажат зa СЈО за да го спасат обвинетиот Груевски

Од:

„Курирските медиуми повторно одработуваат за власта на обвинетиот Никола Груевски пласирајќи шпекулации кои немаат апсолутно никаква врска со вистината. Намерите им се да го дискредитираат СЈО зашто знаат какви криминали правеле и знаат дека правдата ги стига.

Со објавување наслов кој на никаков начин не е поткрепен во текстот, куририте прават тешка клевета за наводна поврзаност на СДСМ и СЈО, и за наводно финансирање на кампањата со пари од обвинителството. Сите овие медиуми ќе мора на суд да објаснат зошто ги пишуваат овие лаги.

Обвинетиот Груевски е во голема паника и како се приближува 11 декември, денот на неговиот тежок пораз, така се поочајно ги злоупотребува неговите медиумски слуги и ги тера дополнително да заглавуваат во обид да го спасат.

За него нема спас, казната доаѓа“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он