СДСМ: Куририте лажат за Шекеринска, го кријат молкот на Груевски за злосторничкото здружување

Од:

„За да го покријат скандалот дека целиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ бил вклучен во злосторничко здружување, власта во заминување, преку медиумските курири, мора да измислува нови напади со стари манипулации.

Ниту има скандал ниту има случај. Текстовите на медиумските курири поврзани со заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска се чиста лага!

Документот во прилог, од Основното јавно обвинителство Скопје, потврдува дека овој измислен, креиран случај на ВМРО-ДПМНЕ издиша како дупнат балон уште во 2014 година!

„Не постои основано сомнение дека било извршено кривично дело“, јасно наведува Основното јавно обинителство после целосни увиди на Упрвата за финансиска полиција.

Документ Шекеринска (1)

Толку за лагите на медиумските курири.

Никола Груевски четврти ден одбегнува да одговори каква е неговата улога во злосторничкото здружување.

Додека Груевски бега, медиумските курири продолжуваат секојдневно ги бранат неговите криминални активности преку нарачани текстови.

Тоа е уште една потврда дека корупцијата и криминалот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ 10 години се крие од граѓаните со помош на медиумскиот мрак. Затоа 20 милиони евра, пари на граѓаните завршиле во провладините медиуми, за само три години.

Ова е уште еден доказ зошто е потребна слобода на медиумите, зошто е неопходна регулација на медиумскиот простор во интерес на граѓаните“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните