СДСМ: „Курир“ со лаги ги правда пораките против ЕУ и НАТО

Од:

„Македонија е на нозе во одбрана на уставниот поредок и законите, во борба за слобода и демократија.

Пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ, платена со пари на граѓаните, преку медиумските курири попусто се обидува да ја сокрие вистината.

Граѓаните знаат дека Македонија се наоѓа во криза само за Никола Груевски да не оди во затвор.

Да не беше срамната одлука за аболиција на Ѓорге Иванов правдата ќе почнеше да го стасува Никола Груевски.

Македонија е на нозе, а куририте не ги спомнуваат протестите во Скопје и во градовите ширум Македонија за враќање на слободата, правдата и демократија.

Во обид да ја сокријат вистината медиумските курири штанцаат измислици и невистини.

„Курир“ отиде дотаму што со лаги се обиде да ги оправда паролите од контрапротестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Собранието, на коишто беа испишани пораки против Европската унија, НАТО и амбасадорите во земјава.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа овие медиуми го бранат криминалoт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Ништо не им помага, правдата ќе ги стигне сите.

Демократијата победува, доаѓа слободна и демократска Македонија“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Онлајнмедиа со осуда за прес конференцијата на СДСМ: Партијата не смее да дискредитира медиуми

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта