СДСМ: „Курир“ да ги повика меѓународните институции

Од:

„Добра вест е најавата на медиумските курири дека ќе повикаат меѓународни институции за медиумите во Македонија.

СДСМ едвај чека тоа да се случи. Ги повикуваме и ги охрабруваме медиумските курири што поскоро да ги повикаат сите меѓународни институции за состојбата со медиумите во Македонија.

Граѓаните на Република Македонија најдобро знаат како функционираат медиумите коишто имаат „про форма“ сопственик, кој го кријат од јавноста.

На пример импресумот на интерент порталот „Курир“ е недостапен за јавноста. Зошто не го објават?

Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан, според Репортери без граници.

Катастрофалната состојба со слободата на медиумите е потврдена и во Извештајот на Европската комисија. Комисијата забележува уназадување на слободата на изразување во Македонија, нотира заплашување на новинарите и изразува сериозна загриженост за уредувачката политика кај некои медиуми.

Затоа дел од условите коишто ги бара Комисијата се и регулацијата на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.

Уште еднаш СДСМ апелира до „Курир“ што побрзо да ги повика меѓународните институции и организации за состојбата со медиумите во Македонија.

Граѓаните имаат право на слобода на избор, имаат право на слобода на мисла, на слобода на говор“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски