СДСМ: Кумски цевки како од злато и плус по 2 милиона евра месечно?!

Од:

„Кумската енергетска треска што ги фати Груевски, Ставрески, Регулаторната комисија за енергетика, здрма и подлабоко и тресе нови злоупотреби во милиони евра.
 
4-ти ден претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, член на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово молчи за чии интереси Комисијата дозволува поскап увоз на струја за неверојатни 41.7 проценти.
 
Дали Регулаторната комисија за енергетика молчи, затоа што ќе треба да каже колку граѓаните ја натплаќаат увезената струја?
 
Дали тоа се над 2 милиони евра што секој месец се одлеваат од сметките на граѓаните за поскапа увезена струја?
 
Цената на струјата на регионалните берзи е падната за 20 евра по мегават час.
Регулаторната комисија за енергетика може да ја нивелира цената на струјата што се увезува во Македонија и сметките на граѓаните да се намалат, ама  и натаму се увезува струја за 51. 46 евра за мегават час.
 
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не е сам во енергетските криминални шеми.
  
Во нив се дозаплеткува и кумската врска Ставрески – Груевски, во очајниот обид да ги оправда плафонските милионски суми по километар гасовод, што и по 10 години го нема во Македонија.
 
Ставрески и Груевски молчат дали причината за доцнењето на изградбата на делницата Клечовце – Штип се провизии од вртоглави 44 милиони евра.
Се обидуваат преку Центарот на комуникации на ВМРО-ДПМНЕ да се бранат дека гасоводот се правел со враќање наклириншкиот долг преку цевки.
Излегува дека цевка од 1 километар чини вртоглави 1 милион и 240 илјади евра!
Да се од злато кумските цевки немаше да чинат 1 милион евра и 240 илјади евра!
Груевски и Ставрески се фатени во весела математика со милиони и нули откако кумот го издаде кумашинот.
Ставрески ја најави делницата Штип – Неготино за 400.000 евра по километар.
А делницата Клечовце – Штип веќе влече од граѓаните неверојатни 1 милион и 240 илјади евра по километар!
Власта на Груевски 10 години не успеја да ја гасифицира Македонија, ама успеала во криминалните мрежи за изградба на најскап гасовод во светот.
 
Ете зошто власта ја крие Физибилити студијата за гасификација на Македонија.  
 
Граѓаните ставаат крај на тендер политиките на власта на ВМРО-ДПМНЕ и ќе изберат одговорна влада којашто ќе има чест да ја предводи СДСМ и којашто ќе работи во нивен интерес.
 
СДСМ ќе ги активира домашните енергетски капацитети, што ќе придонесе за зголемување на домашното производство на струја и пониска цена на струјата и ефикасно ќе ја гасифицира Македонија, како што тоа веќе е направено во Струмица и Куманово“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници