СДСМ: Кумашините да кажат како изнесоа 5 милијарди евра од земјава

Од:

Кумот Ставрески нека каже како заедно со кумашинот Груевски успеаја да изнесат криминално над 5 милијарди евра пари на граѓаните надвор од државата и колку уништени вработувања се тоа за луксузите на фамилијата? Кога Груевски и Ставрески зборуваат за пад на невработеноста нека објаснат како е тоа можно со пад на клучните дејности што придонесуваат за реален економски раст? Како е можно со пад на преработувачката индустрија од 2% на годишно ниво, со пад на земјоделството од 0.7%,со бруто инвестиции еднакви скоро на 0% да креира нови работни места, прашуваат од СДСМ.

„Крунскиот доказ дека Груевски лаже кога зборува за нови вработувања е токму историски највисокиот дефицит на Фондот за ПИОМ во 2014 година. Дупката во ПИОМ во 2008 година изнесувала 165 милиони евра, за во 2014 година промашените економски политики на Груевски да ја продлабочат на неверојатни 369 милиони евра! Доколку вистински се намалуваше стапката на невработеност, дупката во ПИОМ требаше да се намалува, а не забрзано да се зголемува и да го доведе Фондот во ризик на неодржливост на среден рок, како што алармираше Светска банка. Лагите за падот на невработеноста излегуваат на површина. Според Светска банка 626.312 граѓани ја напуштиле државава во потрага по работа и достоинствени услови за живот. Поради промашените економски политики 10.000 домашни фирми се затвроени, на сопствениците им се загрозени основните егзистенции, а 8.000 чекаат да бидат избришани од евиденција. Завршува времето на промашените економски полтики на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Чесната и одговорна влада којашто ќе има чест да је предводи СДСМ ќе работи на реален економски раст и реални вработувања преку поддршка на домашните претпријатија со државна помош до 50 милиони евра и поддршка на реални странски инвестиции“, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за палење на депониите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

СДСМ: Скопјани се гушат, ќе побара ли Мицкоски одговорност од Претседателот на Управниот одбор на „Дрисла“ и негов советник?

ВМРО-ДПМНЕ: Шукова повторно продава исти лаги за Вардариште, во 2020 лажеше со Заев сега како кандидат лаже со Филипче

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Државата оди напред, граѓаните живеат подобро

Горан Наумовски

СДСМ ги објави кандидатите за градоначалници за Шуто Оризари, Илинден, Кочани и Долнени