СДСМ Куманово: Полицијата и владата се одговорни за сообраќајниот хаос во Куманово

Од:

Општинската организација на СДСМ од Куманово ги демантираше наводите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ дека за сообраќајниот хаос во градот се виновни градоначалникот, Зоран Дамјановски и локалната самоуправа.

-Катните гаражи се предвидени и тие ќе се реализираат со подобрување на финансиската состојба на општината, која моментално е под блокада, токму од владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Но, освен општината за сообраќајот, голема одговорност има и полицијата, која селективно го регулира сообраќајот или пак воопшто не го регулира-изјави портпаролот на ОО на СДСМ Куманово, Саше Тодоровски.

Според него полицијата секогаш е на вистинското место, кога треба да се напишат казни, но не и доколку треба да воспостави ред во сообраќајот.

-Знаат само да поминат со колите по улици и да употребат звучен сигнал. Со тоа ја покажуваат и докажуваат нивната немоќ и фрустрација. Тоа е се од нивната регулација на сообраќајот во Куманово-додаде Тодоровски.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

Нападната е жена во старски дом во Куманово – заврши во болница

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана