А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ Куманово: На Миодраг Јовановиќ му е потврдена раководната позиција во Пошта Куманово

by А1он27/07/2013 - 16:0128/07/2013 - 15:29311
Share0

СДСМ најостро се спротивстави на скандалозното именување на Миодраг Јовановиќ за директор на кумановска Пошта, поранешниот градоначалник на Старо Нагоричане кој со службен автомобил лани прегази 30-годишен човек и побегна без да му укаже помош.

Добивај вести на вибер

ВМРО-ДПМНЕ се согласи со реакцијата на СДСМ и вети дека грешката ќе била поправена.

„Но, само пред неколку дена, со ново решение на Миодраг Јовановиќ му е потврдена раководната позиција во Пошта Куманово.
СДСМ прашува зошто од ВМРО-ДПМНЕ не беа искрени со македонската јавност кога пред две недели се согласија со СДСМ дека Миодраг Јовановиќ, според сите етички норми, не треба да ја извршува функцијата и најавија иницијатива за негова смена?

– Дали ВМРО-ДПМНЕ има контрола врз одлуките на своите коалициски партери?

– Дали за ВМРО-ДПМНЕ e поважнa партиската послушност од моралните норми и правното функционирање на државата.

– Имено, да беше Македонија правна држава, Миодраг Јовановиќ ќе беше повикан на одговорност за своето дело лани, а немаше да биде награден во нова функционерска фотеља“, велат од СДСМ Куманово.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 13:3411/04/2026 - 13:35

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:34

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

Горан Наумовски05/04/2026 - 13:31

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

Горан Наумовски04/04/2026 - 16:03

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 11:3203/04/2026 - 11:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто