СДСМ: Куќата не е на Заев туку e конструкција на Курир

Од:

Куќата во Грција за која што текст и фотографии денеска објави Курир не е на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Се прави конструкција само поради тоа што дојде времето кога Никола Груевски треба да каже што договорил за името на државата, реагираше СДСМ на текстот во Курир, кој набргу беше пренесен во голем број портали. Најголемата опозициска партија, исто така, повторно упати прашања за одморот на премиерот Никола Груевски, велејќи и дека да е Груевски гостин на Ердоган, тоа значи дека ја задолжува државата примајќи скапи подароци.

„Дојде моментот на вистината, што треба да открие, што договорил Никола Груевски во врска со спорот со Грција и името на државата. Тоа е причината поради којашто медиумите под контрола на Груевски имаат задача да прават конструкции.

Што се однесува до годишните одмори, бидејќи се појавија информации за вртоглави суми по ден, за престојот на Груевски и групата со него во Турција, како премиер, тој има обврска да им одговори на граѓаните на Македонија: Колку пари чини летувањето на Груевски во Турција? Со чии пари Груевски го плаќа својот одмор и за колку луѓе? Ако е тој на сметка на турскиот претседател, тогаш, дали Груевски смета дека има право да ги задолжува граѓаните на Македонија со примање скапи подароци за себe?“, се вели во демантот

СДСМ нагласува и дека куќата објавена на „Курир“ не е во сопственост на партискиот претседател Заев и повторно порачува да се повлечат спорните текстови, оти во спротивно ќе покренат судска постапка

„СДСМ уште еднаш ги демантира лагите на „Курир“ објавени и во текстот со наслов „Заев молчи – чија е оваа куќа во Грција?“. Заев не молчи. Чиста лага е дека објектот што го прикажува порталот „Курир“ е во сопственост на Претседателот на СДСМ. Објектот не е во сопственост на Зоран Заев.

СДСМ соопшти каде летуваше претседателот Зоран Заев, кој како и секој македонски граѓанин, својот одмор го помина со закуп на простор, на своја сметка.

Прашање е што се крие Никола Груевски и што „ишка“ од неговата капа „Курир“? Бидејќи е очигледно дека за порталот не постои вистина туку партиска задача што треба да се исполни, уште еднаш најавуваме дека доколку не се повлечат спорните текстови ќе следува судска постапка“, се вели во демантот од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата