СДСМ: Кујната за лаги на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да филува дезинформации

Од:

Кујната за лаги и манипулации на ВМРО ДПМНЕ никако да престане да филува дезинформации и невистини кога станува збор за работењето на градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

Немајќи што да кажат, тие повторно го актуелизираат проблемот со водоснабдување – проблeм наметнат од полтроните на ВМРО, кои се наоѓаат на чело на Водостопанство “Кумановско Липковско Поле” и се директно виновни и за намалениот дотур и за нередовното снабдување на граѓаните на Куманово со вода за пиење. Во неколку наврати го затвораа вентилот кој врши дотур на вода до пречистителната станица од каде што и почнува надлежноста на локалната самоуправа.

Работењето на Дамјановски во два наврати беше позитивно оценето: еднаш во 2005 година, втор пат во 2009 година, од страна на граѓаните. Кумановчани знаат да препознаат вистински вредности и квалитети, така што сите бесмислици кои во изминатите денови се обидуваат да се пласираат преку медиумите помеѓу кумановчани се дочекани како уште еден смешен обид за дискредитација на работата на СДСМ во Куманово и на Градоначалникот Дамјановски.

Додека е СДСМ на власт во Куманово, кумановчани ниту ќе останат без улично осветлување ниту ќе останат без вода за пиење по вина на локалната самоуправа.

Наместо да се занимаваат со смислување прес конференции преполни со лаги, кумановските ВМРОвци нека се ангажираат малку повеќе да излобираат некој денар за подобрување на животот во Куманово. Нека придонесат некоја од „капиталните“ инвестиции на Владата да се реализира и во Куманово, а не, како што се предвидува и со новиот Буџет на РМ, повторно за Куманово да нема одвоено ниту еден денар за капитални инвестиции.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не глумете опозиција, објавете имиња или во спротивно сте соучесници во палењето

(ВИДЕО) Милевски: Борко да си поднесе оставка за резил олимпијадата, Македонија е посрамотена пред цел свет

СДСМ: Поради неспособност на ВМРО-ДПМНЕ ќе ни изгори државата

Горан Наумовски

СДСМ: Дали корупцијата е главен мотив за предавство на националните интереси со „Казанџи Холдинг“?

(ВИДЕО) Илиевски: Над 20 отсто од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

(ВИДЕО) Шукова: Скопје повторно ќе го издигнеме, со љубов кон градот и заедништво

Горан Наумовски