СДСМ Крушево: И во Крушево ВМРО-ДПМНЕ си „скрои“ опозиција по свој терк

Од:

И во Крушево ќе „има“ опозиција на локалните избори. Граѓаните реагираат, кандидатите за локалната изборна трка одработуваат за ВМРО-ДПМНЕ, за да се прикаже во јавноста дека нема едноумите туку и опозиција на изборите.

aleksandraВо допис, до А1он, ги посочуваат кандидатите и нивното минато.

Александра Кардула Доневски, поранешен член на СДСМ, поради своите дејности надвор од Статутот на паријата и преминот во Демократска Алтернатива исклучена во 2000 година.

На претходните локални избори 2009 година беше носител на листа на ПОДЕМ. И тогаш , велат од СДСМ Крушево, во служба на ДПМНЕ.

„Сега со кандидатурата од СДУ ја исполнува агендата на ДПМНЕ преку неа да обезбеди доволен процент на излезност на граѓаните на општината Крушево“, велат од СДСМ Крушево.

Димитар Китановски, е член на ПОДЕМ и член на листа од оваа партија на претходните локални избори.

dimitar-kitanoski

 

„Со учеството на промоцијата на кандидатот на ДПМНЕ од Крушево , Ѓорѓи Дамчески и со неговата кандидатура за градоначалник на СДПМ целосно застанува во служба на ДПМНЕ“, реагираат од СДСМ Крушево.

Би можело да ве интересира

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата