СДСМ: Крива Паланка слави за веке добиената победа на опозицијата

Од:

По истакнувањето на кандидатурата на Aрсенчо Алексовски за кандидат за градоначалник на Крива Паланка, радост и оптимизам за победа уште во првиот круг во таборот на опозицискиот СДСМ и Сојузот за иднината а истовремено голема разочараност кај веке поделениот општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ од овој град, ова се информациите од опозициската партија.

Арсенчо Алексовски, велат, важи за еден од најбогатите функционери во државата кој самиот пријави богатство од повеке од 5 милиони евра, кое пак според мнозинството граѓани на Крива Паланка е сомнително знаејки каде има истиот работено, односно како раководител на шпедиција на Деве Баир во времето на Драган Даравелски, пребеган директор на Царина, во времето кога министер за финансии беше актуелниот премиер Никола Груевски.

„Видна е разочараноста на повекето активисти и членови на оваа партија блиски до поранешниот пратеник Оливер Алексовски. Поделеноста во ОК не е од вчера, таа е од поодамна, но после ова денеска, дефинитивно е јасно дека општината која едвај ја добивме во 2009, сега пак ке им припадне на припадниците на опозицијата“, велат разочарани граѓани, симпатизери на владеачките партии .

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни