СДСМ: Криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ го наруши угледот на Македонија

Од:

СДСМ соопшти дека 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави сериозни штети врз интересите на државата и граѓаните и го наруши угледот на Република Македонија.

Според СДСМ, огромните пропусти во изградбата на автопатните делници Кичево – Охрид и Миладиновци – Штип предизвикаа огромни штети врз граѓаните и државата и дополнително сериозно го оптоваруваат Буџетот на Република Македонија.

– Претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, го нарушија угледот на Република Македонија и го загрозија организирањето на УЕФА Суперкупот, најголемиот спортски настан одржан во независна Македонија. Ненавременото исполнување на преземените обврски од страна на претходната Влада и Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор, ќе чини дополнителни два милиони евра, посочуваат од СДСМ.

Граѓаните, наведуваат од партијата, секојдневно сведочат како владеело ВМРО-ДПМНЕ.

– Преку наместени тендери како оној за молерофарбарски услуги доделен на фирма сопственост на братот на пратеникот Крсто Мукоски, преку огромни задолжувања на училиштата и болниците, преку партиски вработувања без соодветно образование и огромни хонорари за партиските војници, ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги осиромашуваше граѓаните и ги уништуваше институциите, истакнуваат од СДСМ.

Нагласуваат дека Владата предводена од СДСМ активно работи на поправање на штетите предизвикани од ВМРО-ДПМНЕ. – Ќе бидат санирани штетите на спорните автопати, ќе бидат завршени сите обврски околку стадионот и ќе има УЕФА Суперкуп во Скопје. Ќе има и одговорност за сите злоупотреби на институциите и на парите на граѓаните, додаваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат