СДСМ: Kриминално трошење во забеганиот проект „Скопје 2014“

Од:

Денеска ден за вистински мегдан во Законодавниот дом. „Информацијата за продолжување и интензивирање на прекумерното, расипничко и криминално трошење на народни пари во забеганиот проект на власта „Скопје 2014“, иницирана од здружената опозицијата ќе биде точката околу која власта и опозицијата ќе ги спротивстават ставовите.

Ќе се соочат аргумените колку пари се потрошени за овој проект. Опозицијата навела, дека наместо првичните 80 милиони евра, проценките зборуваат за фантастични половина милјарда евра. И наведува за три жални врби , 250 илјади евра, за ограда на мост, милион и 700, за Прометеј 2 милиони и 400, за Филип втори пет милиони и 500 илјади.

„Врв на лицемерие е односот на ВМРО и ДУИ кон една од најголемите ѕвезди Тоше Проевски. Власта се откажа од изградбата на споменик за Тоше, а нема зима и фрчат пари за споменици кои се симбол на фрустрации и идентитетско бунило а не историско минато“ – напишала опозицијата во барањето информација за парите за проектот „Скопје 2014“.

За ВМРО-ДПМНЕ, криминал нема, туку само желба и работа Скопје да заличи на европска метропола.

Би можело да ве интересира

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител