• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и игнорирањето на проблемот придонесе загадувањето да ескалира

by А1он21/01/2019 - 11:3075
Share0

„11 години ВМРО-ДПМНЕ го игнорираше проблемот со аерозагадувањето и наместо на потребите на граѓаните се посвети на криминал и корупција.

Добивај вести на вибер

Цели 11 години антинародната ВМРО-ДПМНЕ системски го уништуваше зеленилото, ја загрозуваше животната средина заради остварување на криминални интереси.

За време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, време кога и Мицкоски беше директор на ЕЛЕМ струјата поскапе за 100%. Поради скапата струја, домаќинствата беа принудени да преминуваат на поевтини и помалку еколошки начини на греење.

Тоа беше уште директна причина за зголемување на загадувањето на воздухот.

За разлика од таквиот игнорантски однос на ВМРО-ДПМНЕ, денес се преземаат заеднички напори со сите надлежни институции, преку низа мерки на краток, среден и долг рок за решавање на проблемот со аерозагадувањето.

Интервентните мерки за продолжување на распустот на учениците, воведувањето на бесплатниот градско превоз во Скопје и ограничувањата на градежните активности се со цел да се заштити здравјето на граѓаните и на децата.

Покрај овие интервентни мерки се реализираат и системски мерки, интензивно се работи на проектот за гасификација што директно ќе придонесе за значително помала загаденост, се зголемуваат зелените површини, се засадуваат нови дрвја и садници, се субвенционираат еколошки горива за греење, се заменуваат нееколошките со еколошки горива во училиштата, се набавуваат нови еколошки автобуси, ставен е во функција заштитен филтер за апсорбирање на штетните честички во Дрисла, се набавува филтер за Југохром, се расчистуваат диви депонии.

Ова се само дел од мерките што секојдневно се преземаат за решавање на долгодишниот сложен проблем со загадувањето од страна на Владата, општините, Град Скопје и сите надлежни институции“, се вели во соопштението на СДСМ.

dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

Горан Наумовски16/01/2026 - 13:54

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

Горан Наумовски16/01/2026 - 12:16

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

Горан Наумовски16/01/2026 - 08:40

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Горан Наумовски15/01/2026 - 18:03

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

Горан Наумовски15/01/2026 - 15:24

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

Горан Наумовски14/01/2026 - 20:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен