СДСМ: Кратењето на платите е мала цена за демократијата и слободата

Од:

„Во врска со денешното известување од Собранието на Република Македонија во кое се најавени повеќе мерки кон пратениците на опозицијата, го соопштуваме следното:

– Прво, Трајко Вељаноски нема никаков кредибилитет и легитимитет да се повикува на Закон, или да парадира со каков било правен основ, бидејќи тој самиот е извршител на досега невидено политичко самоволие и брутално насилство со кое беше погазен Уставот и парламентарната демократија. Оттука, било каква негова одлука, изјава или соопштение за нас е беспредметна затоа што доаѓа од Собрание, кое после “црниот понеделник“ постои само на хартија.

– Второ, го повикуваме режимот да продолжи и понатаму со партиско полицискиот пуч, слободно нека спроведуваат фингирани истраги, нека бегаат од сопствената одговорност, нека продолжат да глумат дека се е нормално во државата, нека превземаат мерки против опозициските пратеници. Кратењето на платите е мала цена за демократија, слободата и политичката борба за враќање на Македонија во вистинска насока. Опозициските пратеници доследно ќе продолжат да ги преставуваат граѓаните кои сакаат поинаква Македонија од онаа на Никола Груевски и “фамилијата“.

– Трето и конечно, му порачуваме на Трајко Вељаноски, барем за момент да размисли и да се обиде да сфати дека времето не завршува со истекот на овој мандат, а државата не завршува на прагот на седиштето на ВМРО ДПМНЕ. Нека помисли малку на својата поширока одговорност и нека потроши малку повеќе време во подготовката на својата правна одбрана за делата против Уставот и Законите.

– Во меѓувреме, се’ што Трајко Вељаноски ќе каже, може и ќе биде употребено против него во соодветна постапка“, се вели во соопштението на СДСМ во врска со денешното известување од Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?