СДСM: Крадецот вели држте го крадецот, ВМРО-ДПМНЕ и Лефков се симбол за криминалот во државата

Од:

„Ниедна валкана кампања на ВМРО-ДПМНЕ нема да ги разубеди граѓаните за тоа која партија и кои политичари се симбол на милионски грабеж, корупција и скандали. Во најмала рака е забегано тоа што најбогатата партија во Европа, ВМРО-ДПМНЕ која од мала жолта куќа на криминален начин дојде до бела палата вредна 40 милиони евра лажно да обивнува некого за имот. Денешната нова лага и напад врз потпретседателот Стефан Богоев од страна на Лефков потврдува ја потврдува народната изрека: Крадецот вели држте го крадецот! Сакајќи да го преансочат вниманието од сите судски пресуди и потврден криминал во своите редови, ВМРО-ДПМНЕ влегува во очајна негативна кампања без трошка достоинство или вистина во своите обвинувања“, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

„Белиот дворец со велелепни лустери, маси од махагони, позлатени рамки и црвени теписи стои да сведочи за корупцијата и криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа истата партија чии високи функционери признаа вина за криминал, кои отвораа оф шор фирми по Белизе, истата партија за која се водат бројни судски предмети за нелегално финансирање и корупција. Тоа се истите луѓе на истите позиции кои преку лажни кампањи се обидуваат да го оправдаат сиот криминал кој веќе е докажан и потврден преку признанија на членови од сопствените редови. Граѓаните нема да наседнат на овие манипулации.

Токму Христијан Мицкоски, како најлошиот директор на ЕСМ, како советник на Груевски за енергетика, е типичен пример како од голтар во политиката се станува бизнисмен со хидроцентрали. Ги повикуваме да престанат да ја замајуваат јавноста и конечно да раскрстат со криминалците во своите редови кои од ден во ден ги признаваат по судовите сите свои криминлани афери и случаи на корупција“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата