СДСМ: Континуирано се спроведуваат мерки за почист воздух

Од:

„Последиците од 11 годишното игнорирање на проблемот со загадувањето и системското уништување на зеленилото и животната средина од страна на ВМРО-ДПМНЕ се уште се чувствуваат.

За разлика од таквиот неодговорен и игнорантски однос на криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ денес, сите надлежни институции, Владата, наделжното министерство, Град Скопје, општините активно се вклучени во решавање на проблемот со аерозагадувањето.

Борбата против загадувањето е секојдневна, континурано се преземаат мерки за решавање на долгогодишниот проблем и за санкционирање на загадувачите.

Општина Гази Баба во текот на вчерашниот ден заплени еден тон отпадни гуми планирани за греење. Ова е само една од мерките што оваа општина и надлежните инспекции ги преземаат против загадувањето.

Заедно со Инспекторатот на Град Скопје, Јавното комунално претпријатие и МВР, општина Гази Баба спроведе слична акција на дивата депонија Вардариште заплени уште еден тон стари и уништени гуми што се палеле на отворен простор.

Засилено се расчистуваат диви депонии низ сите општини низ државата и се санкционираат загадувачите.

Коритата на реките и каналите редовно се чистат од наноси на смет, градежен шут и комунален отпад.

Се преземаат акции за рачно миење на градските улици и булевари за намалување на прашината и ситните честички, а во училиштата се поставуваат прочистувачи на воздух.

Уште серија на други мерки се преземаат низ здружена и координирана активност на повеќе институции во борбата против загадениот воздух.

Интензивно се обновува зеленилото, се засадуваат дрвја, се прават заштитни зелени појасни, се набавуваат нови еколошки автобуси, се обновуваат фасадите, се заменува греењето на училиштата со еколошки енегенси, се субвинционираат граѓаните за еколошко греење, еко возила и многу други конкретни мерки.

Претстои уште многу работа, проблемот не може да се реши одеднаш, но сериозно и посветено се работи за намалување на загаденоста на воздухот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни