СДСМ: Конгрес за избор на ново раководство и нови политики, се воведуваат и два организациски секретари

Од:

На попладневната седница на Централниот одбор на СДСМ се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјата а беа донесени и неколку одлуки.

„Оценка е дека за само 5 месец Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги изневерија граѓаните и ги показија сите изборни ветувања пред и за време на изборната кампања. Власта спроведува погрешни економски политики поради кои животниот стандард на граѓаните опаѓа, цените растат а се намалуваат платите, додека на грбот на граѓаните се товарат нови долгови.

Секојдневно се случуваат бројни скандали и злоупотреби за кои нема одговорност од власта, се спроведува брутална партизација на институциите и целосно истиснување на професионалците. Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ досега не испорача никаков резултат, ја загрози европската перспектива на земјата и Македонија ја води во голема неизвесност.

Во однос на внатрепартиските постапки во рамки на СДСМ, Централиот одбор донесе одлука дека на 24 ноември ќе се одржи 30-тиот Конгрес на СДСМ на кој што ќе се избре новиот Централен одбор и ќе се разговара за идните политики на партијата. Согласно одлуката на Централниот одбор, на 30 тиот Конгрес ќе бидат предложени измени на Статутот на СДСМ со воведување на уште еден организациски секретар и со прецизирање на принципите на родова еднаквост за избор на заменик претседател на СДСМ.

Воведувањето на два организациски секретари е поради потребата од засилување и подобрување на оперативната работа на партијата. Централниот одбор одлучи пред одржување на 30тиот Конгрес да продолжи со работа и 29-тиот Конгрес кој беше прекинат на барање на општинските организации. Заедничка е оценката дека интензивната работа во изминатиот период води до консолидација на СДСМ, забележано е подобрување на атмосферата во општинските организации и до посетепено враќање на довербата. СДСМ и во опозиција останува на страната на граѓаните и ќе продолжи да се спротивставува на погрешните политики на власта но и со активностите кои значат грижа за стандардот на граѓаните, преку законски решенија во Собранието“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Орце собира тим од луѓе осудени за корупција и примање поткуп

А1он

СДСМ: Христовски го демантираше Мицкоски дека бил прислушуван, АНБ да ги декласифицира документите

Катерина Ѓуровски