СДСМ: Концептот едно општество овозможува оние кои порано се гледаа преку нишан денес заедно да работат заедно

Од:

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Наум Стоилковски од ВМРО ДПМНЕ.

„Најголемото понижување на државата и исклучителна опасност за Република Македонија, за сигурноста и безбедноста на сите нејзини граѓани беше режимот на Никола Груевски, претходникот на Христијан Мицкоски.

Таа опасност е отстранета со решителна акција на граѓаните и прогресивните, демократски сили кои го поразија режимот со пенкало.

Криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и беззаконието кое што ја загрозуваше иднината на државата заврши, иднината е обезбедена.

Денес Македонија е слободна, демократска, напредна, сигурна и стабилна држава која чекори напред кон ЕУ и НАТО.

Владата предводена од СДСМ презема одлучни чекори за разрешување на напластените прблеми што ги остави ВМРО-ДПМНЕ, во секој можен сегмент на опшеството и животот на граѓаните.

Ресоцијализација на поединци и интеграција во едно општество кое нема да ги дели граѓаните туку ќе обезбедува фер шанса за сите е концепт во којшто СДСМ цврсто верува.

Таквиот пристап овозможува оние кои порано се гледаа низ нишан, како Џезаир Шаќири и Љубе Бошкоски, денес да се интегрирани во едно општество и да работат за интересите на државата.

Тоа што е дадена шанса, преку законски ангажман, некој да работи и да даде придонес за граѓаните и државата, е токму во таа насока“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат