СДСМ: Комисијата за настаните од 24. декември мора да има претседател

Од:

СДСМ денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ја избегне одговорноста за инцидентите од 24 декември во Собранието и затоа не го решава проблемот што се појави со повлекувањето на претседателот на Комисијата Борче Давитковски.

Генералниот секретар на партијата Оливер Спасовски на прес-конференција рече дека ако требало Комисијата да работи без претседател, таа би почнала со работа уште на 16 март, а не на 11 јуни.

– СДСМ направи се, покажа политичка волја, испочитува се од мартовскиот договор, се врати во Собранието, предложи свои кандидати во Комисијата кои активно учествуваа во нејзината работа. СДСМ не може да ги преземе и одговорностите на власта и ВМРО-ДПМНЕ. Да требало Комисијата да работи без претседател таа ќе почнеше со работа уште на 16 март, а не на 11 јуни кога беше постигнат договор за претседателот на Комисијата, истакна Спасовски.

Прашан дали ќе бараат консултации за нов претседател на Комисијата, Спасовски рече дека тоа е работа што треба да ја покрене претседателот на државата.

– Нашиот став е дека Комисијата мора да има претседател за да може да работи во полн состав, потенцира Спасовски.

СДСМ бара од власта да го испочитува договорот од 1 март, направен во присуство на дипломати од Брисел.

Би можело да ве интересира

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ