СДСМ: Колку несоодветните реконструкции на булеварите ги чинат скопјани?

Од:

„Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, повторно  најавува почеток на санација на дел од асфалтот на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во време кога крати средства за проекти од клучно значење за скопјани.

Асфалтот на овој булевар беше „реконструиран“ уште во првиот мандат на Трајановски, па потоа поради неквалитетна изработка повторно се раскопа и се постави нов асфалт. Во текот на минатата, 2013 година, повторно булеварот беше реконструиран.

Денес, Коце Трајановски, по кој знае кој пат најавува обвнова на дел од истиот асфалт што неколкупати, наводно е реконструиран.

Што е ова господине Трајановски?

Дали реконструкциите на булеварите во Скопје се прават само за сликање, без соодветен квалитет, со користење на материјали со многу низок квалитет?

Дали намерно се корисити неквалитетен материјал заради бизнис интересите на Коце Трајановски?

Колку сите овие несоодветни и неквалитетни реконструкции ги чинат скопјани“, се вели во писменото соопштение на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?