СДСМ: Колку ги чинат граѓаните секојдневните екскурзии на премиерот Емил Димитриев?

Од:

„Колку пари ги чини граѓаните лажната скромност на Емил Димитриев?

Секој ден Емил Димириев патувал со автомобил на релација Пробиштип – Скопје и обратно.

Колку пари месечно за бензин и останати трошоци чинат екскурзиите на политичката марионетата на Никола Груевски?

Според наједноставните пресметки, само за бензин, патување на 4 возила по околу 220 километри дневно, чини повеќе од 3.000 евра месечно.

Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај марионетата на Никола Груевски троши над 3.000 евра само за бензин.

ВМРО-ДПМНЕ е позната по расипништвото со народните пари. Илјадниците евра за патни трошоци беа карактеристика и за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ наплатила околу 23.000 евра а нејзиниот колега, гевгеличанецот Драги Цуклев исто така од ВМРО-ДПМНЕ дури 25.000 евра.

Од проектот Вистината за Македонија граѓаните слушнаа како Груевски нарачува мерцедес со кожни седишта и екрани од 600 илјади евра.

Се вози ли Димитриев во мерцедесот од 600 илјади евра?

Луксузите на фамилијата продолжуваат, додека граѓаните живеат во сиромаштија.

Над 500 илјади граѓани во Македонија живеат на работ на сиромаштијата.

Над 180.000 граѓани живеат со 40 денари на ден.

Над 10 илјади фирми се затворени.

Граѓаните очекуваат одговори, колку ги чинат секојдневните екскурзии на Емил Димитриев“, пишува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“