СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Од:

Повеќе од 500 илјади жители на Скопје и околината, граѓани, деца, мајки, болни и возрасни, беа оставени да дишат отров по пожарот во Трубарево. Олово, арсен и кадмиум во концентрации дури 12 пати над дозволеното имало во воздухот, а власта молчеше. Наместо да алармира, да преземе итни мерки, препораки и евакуација, власта ги убедуваше граѓаните дека опасност нема и не мрдна со прст, велат од СДСМ.

„Со тоа, власта свесно го загрози здравјето и животот на луѓето. Кој ќе одговара за ова труење на граѓаните? Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа? Мора да има итна истрага од Јавното обвинителство и кривична одговорност за сите службени лица кои со своето непостапување дозволија да се загрози животот на граѓаните. Оставки веднаш од министерот за внатрешни работи, министерот за здравство и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување. Македонија досега не видела понеодговорна и кукавичка власт од оваа на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да се соочи со кризите, таа калкулира, минимизира и со лаги се обидува да си го спаси рејтингот, додека граѓаните плаќаат со сопственото здравје, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО