СДСМ: Кој ќе ја понесе одговорноста за болните и за починатите?

Од:

„Никола Тодоров и Никола Груевски не ќе можат да се скријат зад партиско соопштение во коешто нема ниту збор за сериозната ситуација со жолтицата и за 5-те жртви од листеријата.

Тодоров и Груевски должат важни одговори на јавноста:

-Дали се способни да ги менаџираат кризите?

-Како планираат да спречат нови жртви и заразени?

-Кој ќе ја понесе одговорноста за болните и за починатите?

Ни самото Министерство за здравство не може да се договори самото со себе, дали жолтицата се пренесува од човек на човек, како што се тврди денеска по медиумите, или не се пренесува, како што тврдеа пред два дена?

Дисонантните ставови од институциите што се под контрола на Тодоров и Груевски покажуваат дека власта е неспособна да се справи со проблемите“, се вели во писмената реакција на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО