СДСМ: Кој и зошто го следи Зоран Заев?

Од:

„Текстот објавен во дневниот весник „Дневник“, со наслов „Зошто Заев оди пеш за Грција наместо со автомобилот од 80.000 евра?“, потпишан од главниот и одговорен уредник, Дарко Јаневски, отвора сериозни прашања кои бараат прецизни и јасни одговори.

Како е можно информации за слободното движење на граѓанин на Република Македонија, кои се директна повреда на правото на приватност, да бидат објавени во дневен весник?

По објавените информации во „Дневник“, кои исклучиво можат да бидат добиени од институција која што го следи движењето преку граничните премини, односно МВР, недвосмислено се покажува дека некој го следи претседателот на СДСМ, Зоран Заев“, се вели во реакцијата на СДСМ на текст објавен во дневниот весник „Дневник“.

„Кој и зошто го следи Зоран Заев? Со чиj налог и каква цел? Дали Зоран Заев е под постојан мониторинг, каде и да оди?

Кој и по чиј налог го мониторира слободното движење на граѓаните на Република Македонија и на колку други граѓани на овој начин им се мониторира слободното движење?

Очекуваме одговори од „Дневник“ и Министерството за внатрешни работи.

Дополнително, на кого му пречи тоа што Зоран Заев работи во интерес на граѓаните на општина Струмица па мора да создава конструкции за негово оцрнување?

Особено имајќи во предвид дека Општина Струмица е збратимена со три општини од соседна Република Грција. И тоа што во Општина Струмица има бројни инвеститори од оваа држава, актуелни и потенцијални, кои се од значење за економскиот развој на општината“, пишува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски