СДСМ: Кога Стевчо зборува за предавници, тоа е исто како кога Груевски зборува за предавници

Од:

„Социјалдемократскиот сојуз уште еднаш потенцира дека Стевчо Јакимовски, кандидатот на Српската напредна странка во Карпош, очигледно го има загубено контактот со реалноста кога во очај, после своето дезертирање од СДСМ, фрла дрва и камења по партијата во која до вчера беше висок партиски функционер и по своите партиски другари кои врата до врата одеа за него, за да го седнат во фотелјата.

– Тоа е само потврда на неговиот превртлив карактер.

– Социјалдемократскиот сојуз тоа и го очекуваше од човек кој го напушти бојното поле заради личен интерес и да си ја сочува  сопствената фотелја.

– Кога Стевчо зборува за предавници, тоа е исто како кога Груевски зборува за предавници.

– На кое дереџе спадна Стевчо, исто како и Груевски да се фали со измислени анкети, на Сител да биде главна ѕвезда, а Латас да го фали со полна уста. За СДСМ неговиот чин е чин на кукавичлук, а неговиот слоган храбро е најобична пародија.

– Што има храбро во тоа да си ги напуштиш другарите во оној момент кога тоа не ти се совпаѓа со личниот интерес? Не се работи за граѓаните, се работи за парите Стевчо“, вели СДСМ во пишаното соопшетние.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?