СДСМ: Кога не блокира закони ВМРО ДПМНЕ шири лажни вести за птичји грип

Од:

Од СДСМ преку соопштение реагираат на прес конференцијата на Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ повторно ја лаже јавноста, по случајот на птичји грип се постапува уште пред Трипуновски да излезе на прес-конференција

Кога не блокира закони ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести со цел да внесе вознемиреност во јавноста.

Таква е и денешната прес-конференција на Цветан Трипуновски кој по кој знае кој пат ги лаже граѓаните.

Лагите на Трипуновски и ВМРО-ДПМНЕ се целосно демантирани.

Како што јавно соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство екипите уште од вчера се терен и постапуваат по случајот на птичји грип, се врши епидемиолошко истражување, а денеска заседавал и Националниот центар за контрола на болести.

Сето тоа е преземено уште пред Трипуновски да излезе на прес-конференција.

Граѓаните да останат смирени и да не потпаѓаат на лагите на ВМРО-ДПМНЕ, партија која не нуди решенија туку само лаги, конструкции и манипулации“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците