СДСМ: Кочоска не се извинува, продолжува со својот манипулативен и арогантен однос

Од:

Наместо да се извини и даде оставка за навредите и дискриминацијата, министерката Гордана Кочоска продолжува со својот арогантен однос, со нови навреди. Дури Кочоска денеска упатува и заканувачки пораки демек времето ќе покажело. Покажа времето, Кочовска сите ја слушнаа како навредува и дискриминира жени. Се лаже Кочоска ако мисли на времето за да се заборави нејзината ароганција, нејзините навредливи и дискриминаторски изјави кон жена, велат од СДСМ.

„Две недели зборува на дрзок и манипулативен начин. Кочоска го понижи целиот женски род и тоа ќе остане запаметено. Покажа целосно непочитување кон жените кои немаат или не можат да имаат деца, кон граѓаните кои секојдневно се борат со зголемените трошоци, и кон јавноста која очекува барем малку одговорност од еден министер. Жално е што токму во овој месец кога се одбележува Меѓународниот ден на жената, нема никакво чувство за почит кон жените, нема доблест да признае грешка, да се извини и даде оставка, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски