СДСМ: Коце Трајановски многу доцни со атмосферската канализација

Од:

Коце Трајановски многу доцни со атмосферската канализација. Не се поплавува само булеварот Киро Глигоров. Од еден посилен дожд цело Скопје плива во вода. Што е со клучката Континентал, подвозникот кон Пржино на Бихакќа, општината Кисела Вода, велат од СДСМ.

Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ ги задолжија скопјани за раскош и луксуз, за Панорамски тркала, барокни фасади, споменици, а ги оставија без атмосферски канализации, без пречистителна станица за води, без училишта, без подземна сообраќајница, без трамвај, без есенцијалните потреби на граѓаните.

Да не се обидува Трајановски да се оправдува, што било, а што не било надлежност на Град Скопје.

Коце Трајановски има должност да се води од интересите на граѓаните и наместо да ги задолжува за луксузи, да помогне секаде каде што е тоа потребно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага