СДСМ: Коце од Панорамското тркало ќе го гледа појадокот на Камени мост

Од:

Панорамско тркало во Вардар, вредно над 18 милиони евра, е врв на раскошот и луксузот на Коце Трајановски, градоначалник на главниот град на најсиромашната држава во Европа, реагира СДСМ по најавата дека ќе почне изградбата на Панорамското тркало во реката Вардар, во центарот на Скопје.

„Се надеваме дека Коце Трајановски додека се вози на Панорамското тркало, со удобни гумени чизми, ќе помисли на илјадниците наши сиромашни сограѓани кои се принудени да дојдат на бесплатниот доручек кој го организира секоја година на Камениот мост“, реагира СДСМ.

Според партијата, во услови кога Скопје се поплавува при секој посилен дожд, кога Скопје е вториот најзагаден град во Европа, кога нема пари за средно училиште во Аеродром, кога сите жители на градот немаат обезбедено вода и канализација, кога граѓаните мизеруваат, Коце Трајановски потпишува договор за Панорамско тркало од 18,5 милиони евра. Во исто време зема и кредит од 7,5 милиони евра за зграда за ЈП „Водовод и канализација“.

СДСМ во континуитет ја оспорува воопшто потребата од изградбата на 18-милионско Панорамско тркало во Вардар.

„Без разлика кој е изворот на парите, дали градот или Владата, овие средства, на Скопје му се многу понеопходни за проширување на капацитетот на атмосферската канализација, за мерки за намалување на загаденоста на воздухот во градот, за замена на канцерогените азбестни водоводни цевки со нови, за подземна сообраќајница, за повеќе средни училишта, за воведување на целосно бесплатен јавен превоз за студентите и многу други продуктивни мерки“, предлага опозицискиот СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Сè уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода

(ВИДЕО) Штерјова: Мицкоски пак го копира Вучиќ – сè е copy-paste, само со неколку дена задоцнување

СДСМ: По сите пропусти во Гостивар, Мицкоски сега бара алиби во експертите

Горан Наумовски

СДСМ: По Гостивар, Крушево, Маврово и белата пена во Вардар, сега и Булачани – Мицкоски, Тошковски и ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија

СДСМ: Кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува поскапување

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар