А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Коалицијата на Мицкоски го менува името но суштината е иста, тоа е Коалиција за обнова на режимот

by А1он21/10/2019 - 21:2821/10/2019 - 21:28390
Share0

Коалицијата на Христијан Мицкоски го менува само името, а во суштина ништо не се менува. Тоа е Коалиција за обнова на режимот, на криминалот и изолацијата, реагираат од СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

Добивај вести на вибер

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да понудат ништо освен блокади и деструкција, тие беа единстевните што работеа против ЕУ и НАТО, единствените кои се радуваат на историската грешка на Самитот во Брисел.

Во страв од извесниот пораз на изборите на 12 април, Мицкоски зборува за наводни анкети и негова предност, а во реалноста сите релевантни анкети покажуваат дека Коалицијата предводена од СДСМ е фаворит на изборите кога и да се случат тие.

Со убедлива победа Мицкоски се силеше и на предходните избори, но граѓаните ја победуваа неговата деструктивна матрица. Така беше на референдумот, на претседателските и на вонредните локални избори во Охрид и Ново Село, така ќе биде и на изборите на 12 април.

Крајно лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ после години посветени на ширење на поделби, омраза и национализам денес да зборуваат за подготвеност за вклучување на други партии во коалицијата, вклучително и албански.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се прочитана книга, затоа ќе изгубат и на следните предвремени парламентарни избори на 12 април следната година.“, се наведува во реакцијата на партијата.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

Горан Наумовски02/04/2026 - 16:09

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Катерина Ѓуровски02/04/2026 - 11:50

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 15:2001/04/2026 - 15:26

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Горан Наумовски01/04/2026 - 10:48

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Горан Наумовски30/03/2026 - 12:46

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

Горан Наумовски30/03/2026 - 11:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто