СДСМ: Коалицијата на Мицкоски, Арсовска и Левица не презема ништо за загадениот воздух во Скопје

Од:

Скопје со денови е на врвот на најзагадени градови во светот, а Данела Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и Левица не преземаат ништо. Наместо системски решенија, Левица, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска кратат средства за животна средина и за субвецнии за набавка на инвертори, велат од СДСМ.

„Никаде ги нема петте мега паркови што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги најавуваа пред изборите, нема ниту нови зелени површини, ниту ново булеварско зеленило. Дивите депонии стојат, секојдневно се појавуваат нови, а расфрлан смет и ѓубре е редовна слика дури и за централното градско подрачје.

Во меѓувреме јавниот превоз нефунцкионира, ЈСП е во долгови, а катастрофална е ситуацијата и во ЈП „Дрисла“ и ЈП „Комунална хигиена“. Целата одговорност за еколошката катастрофа што му се случува на Скопје е кај колаицијата Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ и Левица, која се потврди вчера со усвојување на Буџетот на Градот за 2023 година – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел