СДСМ: Ќе работиме посветено за подобар живот на нашиот народ, заедно можеме многу подобро

Од:

„Нашето општество се менува на подобро. На многу подобро.

Граѓанскиот концепт “Едно општество за сите” ги победува стереотипите. Времето на поделби заминува во историјата.

Моноетничкиот концепт кога партиите се обраќаа само во својот етнички кампус е поразен.

СДСМ ја гради најголемата, најразноликата и најмоќната предизборна коалиција до сега и токму затоа таа е победничка“, велат од СДСМ.

„Предизборната коалиција со Движењето Беса е заеднички чекор со кој мултиетничкиот карактер на Северна Македонија го пресликуваме во конкретна програмска и кадровска понуда.

Нашата визија за Северна Македонија е економски силна и стабилна држава, праведна земја, членка на НАТО и ЕУ и тоа заедно со граѓаните ќе го оствариме.

Градиме општество кое се води од еднаквоста, праведноста и правичноста. Градиме држава во која има шанса за сите.

Победничка коалиција предоводена од СДСМ ќе работи макотрпно, посветено, истрајно со една и единтвена цел – за подобар живот на нашиот народ. За подобро денес и подобро утре на сите наши граѓани и за сите наши деца.

Со здружени сили, заедно, можеме многу подобро и многу повеќе!“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

(ВИДЕО) Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Орце Костов