СДСМ: Ќе изградиме Студентски град во Скопје!

Од:

„Ќе изградиме студентски град во Скопје со нови модерни архитектонски решенија за студентски домови. Во нив ќе има спортски сали, читални, библиотеки, ресторани, кино сали, фитнес центри.

Покрај студентскиот град во Скопје, ќе изградиме и студентски кампуси во Тетово, Битола и Штип.

Новите студентски домови и кампуси ќе го олеснат животот на студентите. Ќе влијаат на мотивацијата во учењето и креирањето на сопствената иднина.

Да не се повтори 500-тини студенти, како оваа студена зима, од студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу, 10 дена, на поларни температури да се без греење, без топла вода и без струја. Да живеат во мувла, да влегуваат во руинирани тоалети, да јадат во кујни полни со лебарки.

Досегашната власт 10 години го газеше достоинството на младите луѓе. Затоа студентите и младите луѓе на овие избори гласаа за промени. Тие знаат дека во Планот за живот, освен модерен, светски, достоиствен студенстки живот, ќе имаат и други олеснувања.

Ќе добијат студентска платежна картичка за попусти во користењето на услугите во кампусите, во меѓуградскиот превоз, при посетата на државните и националните институции, за посета на спортски и културни настани од национален карактер.

Со условите во начинот на живот, со промените во образовниот систем и отворените можности за работа ќе ги мотивираме младите луѓе да останат да живеат и работат во Македонија.

За тоа да се случи потребна е нова одговорна Влада на граѓаните, која ќе води реални политики и ќе работи исклучиво во интерес на сите граѓани.

Од оваа 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Јаневска: Блиску сме до решение за студентскиот оброк, се разгледува ваучерски систем

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Растат тензиите во Албанија: демонстранти ги запалија перничињата поставени како симболична покана за дијалог пред седиштето на Еди Рама

A1on