СДСМ: Ќе има ревизија и одговорност за палмите од 500.000 евра што завршија на депонија!

Од:

„Ќе има ревизија и одговорност за набавките на скапите палми од 500.000 евра коишто завршија на депонија!

Исушените палми од 500.000 евра што се најдоа на депонија се класичен доказ дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ во сè, па и во палмите гледаат тендери за лично богатење. И тоа во услови кога ја предизвикаа најголемата сиромаштија кај повеќе од 500.000 граѓани во Македонија!

Цела јавност се противеше на идејата да се садат палми поради несоодветната клима за нивно одгледување, но за Груевски и за Коце Трајановски најважно беше како да се дограбат до пари од граѓаните. Палмите завршија овенати на депонија, исто како и жалните врби од стотици илјади евра поставени во Вардар.

Ќе одговараат сите кои учествуваа во злоупотребите на пари на граѓаните и уништувањето на нивните животи.

Новата реформска Влада ќе работи транспарентно и одговорно со парите на граѓаните и ќе се посвети на нивните реални проблеми и потреби“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа

СДСМ: Владата на Мицкоски води отворена анти-ЕУ кампања

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

(ВИДЕО) Фрчкоски: САД носат специјален закон за Западен Балкан, следуваат и „црни листи“, а се најавуваат и можни санкции

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација