СДСМ: Ќе има правда и криминалците ќе одговараат

Од:

„Во Македонија ќе има промени и правда и сите кои правеле криминал ќе одговараат.

Ова е незапирлив процес, така одлучија граѓаните на Македонија!

Никола Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ гледаат дека целата домашна и меѓународна јавност од Република Македонија очекува реформи и расчиствување на скандалот со прислушувањето и содржината на прислушуваните разговори, кои упатуваат на сериозни криминали што тие ги правеле.

Поради тоа веќе има и обвинети и осомничени, во најголем дел од најтесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со партискиот претседател Никола Груевски.

Затоа толку го мислат и замислуваат Идризово, од кое што се оправдано многу исплашени.

Но граѓаните 10 години страдаат од криминалите и злоделата што им ги правеше несовесната власт и сите требало да знаат дека ќе дојде моментот на одговорност.

Што се однесува до денешната прес конференција на Орце Ѓоргиевски од ВМРО-ДПМНЕ, јасно е за сите граѓани дека се тоа лаги и конструкции. Во тоа не веруваат ни сопартијците на Груевски кои поставуваат прашања, но ништо не се осмелуваат да тврдат, затоа што знаат дека сите институции сеуште се во рацете на криминалната власт и ако имаше и буква точна од изнесените лаги досега ќе беа преземеа соодветни мерки.

Порачуваме на чесните партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ да не дозволуваат да бидат користени од криминаното раководство на ВМРО-ДПМНЕ кое во замислените обиди да се спаси е подготвено сите да ги повлече со себе“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ