СДСМ ќе гласа за интерпелација на Гаши

Од:

Пратениците на СДСМ и коалицијата ќе гласаат за интерпелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

„За само два месеци се случија серија скандали на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ а одговорност нема за никого. Таков е случајот и со претседателот на Собранието. Имаше скандалозен инцидент на аеродромот во Скопје во кој меѓу другото обезбедувањето на Гаши напад на полицаец, се закануваше со пиштол и ги прекрши правилата и законите. Во својот извештај, МВР констатираше дека обезбедувањето било незаконски испратено на аеродромот, со што одговорноста директно ја насочи токму кон Гаши кој ја дал наредбата на обезбедувањето. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски требаше да бидат првите коишто ќе побараат одговорност за Гаши после оваа констатација на МВР. Се случи скандал со службено возило на свадба. Потоа се уште поголем скандал со минување на границата со Косово на сватовите на Гаши со приватни возила и без никаква контрола. Мицкоски ветуваше дека ниту еден политичар нема да биде поштеден од политичка одговорност доколку се докаже дека работел спротивно на правилата и законите а сега ревносно го брани Гаши после сите скандали. Политичката одговорност мора да има и затоа пратениците на СДСМ ќе гласаат за итерпелацијата а во дискусијата во македонското Собрание ќе ги изнесат сите аргументи“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Реакциите на Гаши за пресудата во Хаг се крајно несоодветни

Катерина Ѓуровски

Африм Гаши за пресудата во Хаг: Слободно Косово беше најтешката битка, а тие победија

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Предвремени избори нема да има, тврди Гаши

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра