(ФОТО) СДСМ ќе ги тужи Латас, Горан Иванов и Курир поради клеветите за Кичево

Од:

СДСМ најави тужби против новинарот Драган Павловиќ-Латас, главниот и одговорен уредник на Сител Телевизија, Горан Иванов и против одговорните лица на интернет порталот “Курир“.

Режимските мегафони се обидуваат да го исперат ВМРО ДПМНЕ за своите срамни одлуки за изборниот процес во Кичево и токму заради сите изнесени невистини и клевети најавуваме тужби против новинарот Драган Павловиќ-Латас, главниот и одговорен уредник на Сител Телевизија, Горан Иванов и против одговорните лица на интернет порталот Курир, се вели во соопшението на СДСМ.

За тоа велат, говорат следните факти:

Прво, приговорите кои ВМРО ДПМНЕ ги достави до ДИК се однесуваат за две гласачки места 0793 и 0734 во Кичево, каде вкупно има запишано 1990 гласачи. Бидејќи разликата која во своја полза ја има Фатмир Дехари е 2330 гласови, дури и сите запишани гласачи на овие две оспорени гласачки места да гласаат 100% за Благоја Депостоски, не е возможно да се смени изборниот резултат. Оттука, изнесените манипулации на Драган Павловиќ-Латас и Сител Телевизија и интернет порталот Курир дека доколку се поништело гласањето на овие изборни места ќе се сменел исходот во Кичево, се најобична лага. Инаку, на 24 март, Благоја Деспотоски на локалните избори во овие оспорени гласачки места, во 0793 освоил само 3 гласови, а во 0734 освоил 219 или вкупно 222 гласови. Овој податок најдобро говори зошто ВМРО ДПМНЕ ги избрал овие гласачки места за приговори.

Scan 2

Второ, дека ВМРО ДПМНЕ глуми патриотизам најдобар доказ е фактот што приговорот за едно од вкупно двете оспорени гласачките места-0793 каде има запишано вкупно 1173 гласачи, членот на извршниот комитет на владејачката партија, Владимир Пешевски го доставил во ДИК на 25 март во 00:30 минути, односно 30 минути после законскиот рок во кој можел да го достави, што за нас не е сфатливо како вицепремиер може случајно да направи ваков пропуст. Или е неспособен или намерно го направил формалниот пропуст.

Scan 3

Трето, не е точно дека претставниците на СДСМ во ДИК гласаа против овие приговори, туку се воздржаа од гласање, заради цврстата определба да ја почитуваме правната држава и Изборниот закон, и да не бидеме соучесници во незаконската и политички провидната игра на ВМРО ДПМНЕ за Кичево, преку која треба да се сокријат гнасните валканици на режимот и лажниот мит за Никола Груевски.

Scan 1

„Очекуваме дека оваа соопштение ќе биде објавен во форма на демант интегрално на Сител телевизија и порталот Курир, и го задржуваме правото да ги искористиме сите правни средства против овие два и сите други медиуми кои ќе се однесуваат на ист или сличен начин“, стои во соопштението на СДСМ.

Scan 4

Би можело да ве интересира

СДСМ: Никола Гревски, будимпештански пишувач на бајки

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Исти криминални шеми, иста банда – СДСМ бара Обвинителството да постапи за скандалот од девет милиони евра

Горан Наумовски

Раководството и сите членови на Извршниот одбор на СДСМ поднесоа оставки

А1он

Филипче најави парцијално освежување на тимовите во делот на раководството на СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Огњеновиќ: СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од девет милиони евра, заедно со сите докази

Горан Наумовски