СДСМ ќе ги повлече забелешките за ДИК, ако ВМРО-ДПМНЕ ги прифати предлозите на странците за медиумите

Од:

Во Клубот на пратениците се одржува средба на Работната група на претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино со посредникот Питер Ванхауте.

На пауза на средбата изјава даде и Дамјан Манчевски од СДСМ кој истакна дека до останатите учесници на преговарачкиот процес во работната група доставивиле предлог со кој што, како што сметаат од партијата, на ефикасен и едноставен начин може да се разрешат останатите две горливи прашања за услови за фер и демократски избори – тоа се прочистувањето на Избирачкиот список и реформите на медиумите.

– СДСМ е подготвен да ги повлече своите забелешки во однос на методологиите за прочистување на Избирачкиот список доколку останатите учесници на преговорите се подготвени да ги прифатат предлозите на меѓународната заедница за реформи на медиумскиот сектор. Прочистувањето на Избирачкиот список и реформата на медиумите се основа и предуслов за фер и демократски избори. Ако ова не е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ и останатите учесници во преговорите тогаш тие не сакаат во Македонија да имаме фер и демократски избори, рече Манчевски, не појаснувајќи кои се предлозите на меѓународната заедница, туку само кусо истакна дека тие се веќе познати.
На средбата учествуваат претставнции на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, како и меѓународни претставници.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нова бомба – тендер од 1,2 милиони евра за фирма без работници блиска до ЗНАМ

А1он

СДСМ: Нема да нè замолчите, обидите за уривање на СДСМ одвнатре ќе бидат спречени

А1он

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски