СДСМ ќе ги поддржи градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во Струга и Кичево

Од:

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ постигнаa начелен договор за заеднички настап на локалните избори на 24. март. Остануваат да се доиспеглаат уште некои финеси, велат извори за A1 од двете партии.

Според нив станува збор за историска одлука за Струга, пред се поради барањето на стружани за здружување на македонските партии и заеднички настап на овие избори.Иако двете партии веќе изготвија сопствени советнички листи, а ВМРО-ДПМНЕ и ја поднесе до ДИК,веќе е изготвена и заедничка листа на која според информации на А1 носител е претседателот на ОО на СДСМ во Струга, Ристе Чушкоски, а на второто место е професорот Никола Затуроски кој беше носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ.

Конечната одлука ќе биде донесена вечерва изјави за А1, Ристе Чушкоски од ОО на СДСМ. Во текот на вчерашниот ден бил најден модус и правна рамка подносителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга да побара од ДИК повлекување на нивната листа.

„Во однос на Струга и Кичево рековме дека нема да тераме политика, но знаете што е интересно и чудно, Груевски на сите митинзи не обвинува дека сме предавници, а тоа не му важи само во Струга и Кичево каде ја бара нашата доверба. Меѓутоа има многу лаги и лицемерие кое што го кажува Груевски редовно така да последново не ме изненадува“, рече Шекеринска за А1.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?