СДСМ: Ќе бидат преиспитани милионските долгови на државните претпријатија, итно е потребна новата Влада!

Од:

„Ќе бидат преиспитани сите милионски долгови што државните и јавни претпријатија ги направиле по основ на неплатени даноци.

И според последната должничка листа на УЈП, меѓу најголемите должници се државните и јавните претпријатија, коишто должат и по неколку милиони евра за неплатен данок.

Институциите го толерираат ваквото расипничко работење на државните и јавните претрпријатија, меѓу кои е Македонската Радио Телевизија, без никој да сноси одговорност за тоа, а илјадници граѓани заради сметки за радиодифузна такса секојдневно се мачат со блокирани сметки и извршители на врата!

Затоа исклучително важно за граѓаните е демократските процеси да продолжат, Иванов да го даде мандатот и побрзо да се формира новата Влада којашто ќе обезбеди транспаренто и отчетно раководење со јавните и државни претпријатија ќе ја укине и радиодифузната такса.

ВМРО -ДПМНЕ треба веднаш да престане да ги опструира демократските процеси и да овозможува несовесно работење на нивните кадри на штета на граѓаните!, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски