СДСМ Карпош: Јакимовски ја оштетил Општината за повеќе од 230 илјади евра

Од:

„Се потврдува дека Стевчо Јакимовски и ВМРО – ДПМНЕ единствено што направиле за Општина Карпош било криминал, злоупотреба на службена положба и бесправно градење.

Како што се вели и во обвинението на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Стевчо Јакимовски ја оштетил Општината за повеќе од 230 илјади евра.

Обвинението е за незаконска легализација на поранешните објекти на плац, а потоа и на земјиштето кај поранешниот ресторан „Имес“, рече Наталија Спировска, ОО СДСМ Карпош.

„Сепак, ако го погледнеме Извештајот на Државниот завод за ревизија, можеме да нотираме уште многу други прекршувања на законот кои Јакимовски и ДПМНЕ ги правеле во континуитет.

Јакимовски треба да одговара и за новата општинска зграда, во должина на бул. „Партизански одреди“

Изградбата на административниот објект (нова општинска зграда) е врз основа на проект кој не е одобрен од страна на Советот на Општина Карпош, како и без изменето одобрение за градба што не е во согласност со Законот за градење и Одлуката за изградба на административен објект.

Исто така, направени се и повеќе измени на јавните набавки кои не се базираат на позициите предвидени во основниот проект.

Каде и да се свртите извира криминал и корупција од работење на Стевчо Јакимовски и ВМРО – ДПМНЕ.

Претходно презентираниот извештај, нотира и големи суми на народни, буџетски пари трошени на сомнителен начин и префрлани на сметката на кошаркарскиот клуб „Карпош Соколи“.

Во 2016 година, исплатени се средства во износ од 38 милиони денари (618 илјади евра). За доделените средства, клубот нема дадено детални податоци за начинот на кој се потрошени.

Денеска, Општина Карпош е една од најзадолжените локални самоуправи. За финанансискиот колапс на Општината, во голема мера виновен е токму Јакимовски.

Во декември 2014, Општината донела одлука за долгорочно задолжување, подигнување на кредит од 160 милиони денари (2,6 милиони евра). Намената на кредитот бил за тековни инфраструктурни проекти, а всушност кредитот е потрошен НЕНАМЕНСКИ.

И можеме да одиме до бесконечно… Но, мора да постои одговорност за секој криминал кој го направил Стевчо Јакимовски! Мора да постои одговорност за секој денар кој бил потрошен ненаменски и противзаконски!

Бараме од институциите за гонење на кривични дела, објективни и ефикасни постапки.Граѓаните на Карпош бараат одговорност!“, изјави Наталија Спировска, ОО СДСМ Карпош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески

Општина Карпош пред Уставен суд ќе го оспорува ДУП-от кој го донесе Општина Ѓорче Петров

Општина Карпош: Донесовме инвестиција од 50 милиони евра и ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Преку Стевчо ни е, лудилото мора да сопре“: Протест против изградбата на 17-катница кај Воена болница

Орце Костов

(ВИДЕО) Јакимовски: Со изгласан буџет, Општина Карпош ќе продолжи непречено да функционира

(ВИДЕО) Велјановски: Со насилство се донесе буџетот на Општина Карпош