СДСМ: Канческа-Милевска и Трајаноски нека ги гледаат врбите, нема што веќе да ветуваат

Од:

„Ниту Елизабета Канческа-Милевска, ниту Коце Трајановски нема што веќе да им даваат лажни ветувања на граѓаните.

Канческа-Милевска ги брои последните денови во узурпираната министерска фотелја, пред да ја предаде на новата реформска Влада на граѓаните која ќе биде избрана во Собранието.

Трајаноски го завршува својот мандат а Скопје ќе добие нов градоначалник кој ќе се грижи за реалните потреби на граѓаните.

Канческа-Милевска и Трајаноски единствено ќе останат запаметени по преплатениот криминален проект Скопје 2014, по стиропорот, по палмите, по врбите и по плажите, платени со милионски суми, пари на граѓаните, за што ќе има одговорност.

На граѓаните им е преку глава од лагите за Универзалната сала. Во 2013 година Канческа-Милевска и Трајаноски објавија дека не е возможна реконструкција и надградба и објектот треба да се урива, а сега најавуваат негова реконструкција. И тогаш и сега се плаќаат пари на граѓаните за идејни решенија, а од ветувањата нема ништо.

Доаѓа крајот на расфрлањето со пари на граѓаните. Новите одговорни власти ќе се водат од потребите и интересите на граѓаните, со цел заштита на културно-историските објекти и објектите од значење за граѓаните.

Промените доаѓаат. Ќе има нова реформска влада, и нова локална самоуправа и во Град Скопје“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски