СДСМ: Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалецот Симе?

Од:

Криминалецот С.З познат како Симе кој беше уапсен со други лица со поголема количина дрога, оружје, муниција и голема количина на пари има слика со Мицкоски. Каква е поврзаноста меѓу Мицкоски и криминалецот Симе? Што има Мицкоски со криминалци од ваков калибар? Мицкоски ќе каже дека било случајно и дека не се познаваат. Ништо не е случајно. Прво корупција. Потоа чист криминал. Кога една власт има криминални тендери, корупциски скандали со фамилијарни фирми, злоупотреби со ИПАРД програмата – има и тешки криминалци во нејзиното опкружување, велат од СДСМ.

– Како што самото ВМРО вели за нив сè е приватен бизнис. Мицкоски носи часовници вредни 150 минимални плати додека работниците едвај врзуваат крај со крај. За нив нема „приватен бизнис“ нема ни поголеми плати. Уште ќе им увезе владата „економски работници“ за пари. Сега прашањето е какви бизнис релации има Мицкоски со криминалците со кои се слика, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски до Филипче: Мерките даваат резултат, инфлацијата e ниска

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски